Лев банер Десен банер

Вечерва најавен протест по наводите за криминал на Клиниката за Онкологија

Во повикот до граѓаните се вели целта е да се изрази револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија.

Според најавата на групата на Facebook, протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе бидат побарани оставки и одговорност од сите министри за здравство.

Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!, стои во повикот за утрешниот протест.

– Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!, се вели во најавата за протестот.

Тие бараат одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити,  замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева,  поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска, како и од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи.

StrugaOnline

error: