И оваа година, Струга ја продолжува возобновената традиција на одржување на манифестацијата ,,Ревија на народни носии-Струга 2023“.
Овогодинешната ревија ќе се одржи на 16-ти септември во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ со почеток во 19:00 часот.
,, Овогодинешната ревија на народни носии ќе биде на тема: ,,Maшки народни носии“ и со тоа на сцената секој ревијалец-учесник ќе презентира една или повеќе народни носии со кои ќе ја опфати тематиката на овогодинешното издание,,.-информираат организаторите.
На овогодинешната ревија на народни носии, а во соработка со домот на културата “Македонија” од Гевгелија, премиерно ќе биде емитувана филмската адаптација “ЛАЗАРЕНКИ” – реликвија на етничкиот предел Бојмија.
Влезот е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари