Македонија синоќа славеше над Малта на гостински терен

- Спорт
221

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада  Малта на гостински терен со 2-0 (2-0) во рамки на 5. коло во групата Ц и со освоените три бодови ги задржа шансите за пласман на ЕУРО2024.

Првиот гол го постигна Елиф Елмас  веќе во 5-та минута, а во 41 минута Јован Манев со дебитантскиот гол во репрезентативниот дрес го удвои водството. Двоен асистент беше капитенот Енис Барди.

Strugaonline

фото: Фудбалска репрезентација на Македонија

Facebook Коментари