Порака Нова Струга креираше Прирачник за млади иноватори и социјални претриемачи
Порака Нова Струга како лидер на проектот mPreneuer, поддржан од Еразмус+ програмта, заедно со партнерите од Азија, Африка и Европа креираше прирачник кој е дизајниран да ја поттикне и инспирира следната генерација на мобилни социјални претприемачи и иноватори. Овој прирачник нуди сеопфатни ресурси, насоки и практични совети за зајакнување и опремување на младите аспиративни претприемачи да развијат одржливи иновативни мобилни решенија за предизвиците на заедницатa.

,,Прирачникот содржи Сеопфатни водичи: серија на детални водичи кои покриваат теми како што се одржлив развој на бизнисот, финансиски менаџмент, ресурси за кодирање на апликации, приспособени на уникатните потреби на младите претприемачи. Исто така статии од универзитетски професори. Успешни приказни: Приказ на сите победници од mPreneur проектот, како и нивни тестимонијали поврзани со проектот; Алатки и ресурси: пристап до внимателно селектирана колекција на шаблони, алатки и ресурси за да се насочи процесот на стартување на некоја идеја или бизнис.“-информираат од ,,Порака Нова“.
Прирачникот може да се најде на овој ЛИНК
Strugaonline

