Во организација на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ -Струга и „Артленд & Бејби Арт Продукција” денеска во Струга ќе се игра детската претстава, ,,Другарување со Пет и Еко.“ Влезот чини 100 денари.

,,Петте јунаци преку дејството во претставата ќе им раскажат на децата за грешките што ги прават луѓето со нивното секојдневно однесување во загадувањето на животната средина, а притоа ќе ги советуваат и за каков треба да биде односот на човекот кон природата.
Улогите ги толкуваат Ристина Николова, Марко Новески и Никола Милошевски. Режијата по сценариото на Симона Ристевска е на Трајко Јордановски, а музички подуцент е Игор Станковиќ.“ -информираат од Центарот за култура Струга.
Почетокот е закажан за 12:00 часот .
Strugaonline
Facebook Коментари