Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-5 Битола, -4 Скопје-Петровец, Прилеп, Тетово, Берово, Попова Шапка, Крушево, -3 Струмица, Дебар, -2 Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Крива Паланка, Штип, Гевгелија, Маврови Анови, Претор, -1 Виница, 1 Дојран.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во cm)

3 Попова Шапка.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. На повисоките места дуваше слаб до умерен јужен ветер. Утрово е сончево, а по одделни котлини има појава на слаба магла.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот, во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: