
Втора театарска премиера на Детското драмско студио (ДДС) „ДрамаКидз“ со наслов „Лист, камен и ножички“ во четврток 21.12.2023 година е на репертоарот на охридскиот Центар за култура. Почетокот е закажан за 19.00 часот во малата сала. Цена на карта 100 денари.
Детското драмско студио „ДрамаКидз“ работи повеќе од една година во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, целиот процес од почетокот го следат 21 члена, деца-актери на возраст од 9-14 години од сите училишта во градот.
Автори на претставата се режисерот Ирена Стеријовска и драматургот Кристина Тодорска Петреска.
Strugaonline
Facebook Коментари