На денешен ден, во 1921 година, во селото Небрегово, Прилепско, роден е академик Блаже Конески.
Конески е познат филолог, поет, универзитетски професор, академик и учесник во Антифашистичка и националноослободителна војна на македонскиот народ, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Во македонската современа општествена стварност, во смисла на одбрана на македонската држава и македонскиот јазик, како темели на македонскиот национален и историски идентитет е позната неговата максима: „Јазикот е нашата единствена целосна татковина“.
Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1981 година.
Блаже Конески почина на 7-ми декември 1993 година.
Strugaonline
Facebook Коментари