Најдобрите пливачи и триатлонци од пливачкиот и триатлон клуб ,,3 Дисциплини“ од Струга добоиjа стипендија од Министерството за образование и наука.
Станува збор за Матео Мачоски, Олса Орани и Миа Мачоска.
,,Горд сум на сите членови на клубот, но посебно на овие тројца триатлонци кои што благодарение на одличните резултати станаа државни стипендисти, ова е уште еден доказ дека талентот и напорната работа даваат резултати кои се препознаени и од страна на државата. Tројцата имаат први, втори и трети места на државни натпревари во пливање и се државни прваци во триатлон, дуатлон и акватлон.“ – вели за Strugaonline тренерот Никола Кутаноски.
Стипендијата вклучува паричен надоместок на месечно ниво кој што Матео, Олса и Миа ќе можат да го користат за спортски цели.
Strugaonline
Facebook Коментари