
Денеска, во службена посета на Општина Струга беше претставник од Министерство за финансии по јавниот повик за Барањето за користење на средства од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП).
-На средбата со градоначалникот Мерко се разговараше за одобрените инвестиции и идните чекори, со крајна цел подобрување на условите и енергетска ефикасност на училиштата во нашата општина.-соопштуваат од Општина Струга.
Додаваат дека апликацијата е одобрена за основните училишта,,Зини Хани“ во с.Велешта, ,,Св.Климент Охридски“ во с.Драслајца и ,,Ашим Агуши“ во с. Радолишта во кои беше направен увид за моменталната состојба на објектите и потребите за реконструкција.
Општина Струга, во соработка со Министерството за финансии и Министрството за образование и наука продолжуваат со реконструкција и на останатите општински училишта во нареднта година, за подобри услови за учениците, вработените и подобра економска и енергетска ефикасност на училишните објекти.
Strugaonline
Facebook Коментари