Џудо клубот ,,Дрим“ од Струга доби награда од ЏФМ за еден од најуспешните џудо клубови во Македонија
Во организација на Џудо Федерација на Македонија во Прилеп се одржа свечена церемонија за доделување на награди за Најуспешни клубови:
1.Џк Миоки – Скопје
2. Џк Сеишин – Прилеп
3.Џк Дрим – Струга.

За најуспешни спортисти од Струга се прогласени Амар Бајрамоски во категорија пионери и Марин Билјаноски во категорија ветерани. За придонес во џудо спортот плакети добија Ѓорѓија Стојанов и Бошко Велјаноски
Ова е целосниот список за најуспешни спортисти:
– Помлади пионерки – Емилија Паскоска
– Помлади пионери – Марко Димитријоски
– Пионерки – Хамида Друштинац
– Пионери – Амар Бајрамовски
– Кадетки – Георгина Блажеска
– Кадетки – Ива Богдановска
– Кадети – Никола Магдески
– Јуниорки – Лилјана Недановска
– Јуниори – Георгиј Магдески
– Ветеранки – Јелена Јовевска
– Ветерани – Марин Билјановски
– Сениорки – Катерина Ацевска
– Сениори – Еди Шерофовски
Strugaonline
