,,Ме сакаш кога ме немаш“ ново хитовско музичко парче на Лара Иванова

- Музика
267

Лара Иванова е дефинитивно една од најуспешните млади музички артисти од домашната сцена. Со секој нов музички проект успева да го привлече целото внимание од јавноста и да го држи првото место на листата со најслушани песни. И овојпат не разочара, „Ме сакаш кога ме нема“ е ново хитовско музичко парче со атрактивен видео-запис.

Целиот проект е во чекор со светските музички стандарди. Автори на текстот и на музиката се Лара Иванова и Лазар Цветковски, за снимањето на спотот се погрижи Томислав Живкович. Главната машка улога во спотот ја има Филип Додевски, а со улогите на Миа Ристеска, Анастасија Сиданова, Јована Лалчевска, Тина Димовска, Калина и Александар, спотот доби посебно модерна динамика.

Лара Иванова е препознатлива по тоа што секој нов проект е апсолутно различен од претходниот и токму поради тоа за домашната музичка сцена остава песни со нови трендовски призвуци. „Ме сакаш кога ме немаш“ има певлив и заразен ритам, а текстот е вистинско ремек-дело зад кое се крие силна емоција со љубовен мотив.

„Полудена по тебе“, „Некогаш ќе помине“, „Бела“, „Само сврти се“ се само дел од успешните музички проекти на Лара Иванова, а со „Ме сакаш кога ме нема“ ќе ја дополни својата хит-колекција.

Од првото сценско појавување до сега, Лара бележи само големи успеси и иако е млад артист, нејзиниот глас ги освојува сите генерации. Лара Иванова полека станува македонски музички бренд, кој докажува дека соништата може да станат реалност.

 

 

Facebook Коментари