Вчера ечеше радост во дворот на ООУ ,,Јосип Броз Тито” во нашиот град. Распеани детски грла, безброј насмевки и задоволство од страна на родителите беа дел од новогодишната приредба и базар што вработените макотрпно и заеднички го подготвија со учениците и родителите.
,,Пресреќна сум што како и секогаш покажавме дека тимската работа носи успех. Сакам да изразам огромна благодарност до сите наши спонзори, пријатели на нашето училиште што придонесоа нашето училиште оваа година да блесне во новогодишен сјај.“-изјави за Strugaonline директорката на ООУ ,,Јосип Броз Тито” , Дејана Чакареска.
Таа изрази посебна благодарност за спонзорството на фирми, пријатели на училиштето кои донирале над 400-тини подароци за најмалите ученици за новогодишните празници.
Strugaonline
Facebook Коментари