Тројца веслачи на В.К Црн Дрим од Струга се пласираа на светскиот шампионат во веслање што ќе се одржи во Прага, Република Чешка

Тројца веслачи на В.К Црн Дрим од Струга успешно се пласираа на светскиот шампионат во веслање, виртуелни 500m, што ќе се одржи во Прага, Република Чешка на 23 и 24 февруари 2024 година.
Категориите во кои ќе учествуваат струшките веслачи се следните:
– Леон Шутиноски MU17 со време 1:37,4
– Кристијан Китаноски 17-18M со време 1:29,6
– Владимир Голабоски 19-20M со време 1:29,0
Струшките веслачи се предводени од тренерот Никола Мариноски, претседателот на ВФМ Здравко Голабоски и тим менаџерот Коста Хиохи.
StrugaOnline

