Две жени од прилепско краделе во во трговски објект во Струга

- Локални
862

На 25-ти јануари 2024 година, во 14:30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид привеле две жени од прилепските села Долнени и Дебреште на возаст од 40 и 47 години.

-Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари