ЦЈЗ Охрид: Водата во Охрид е здравствено безбедна за пиење

- Локални
86

Сите испитувани параметри се во граници на законски дозволените вредности и водата е здравствено безбедна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Охрид.

– Резултатите од комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероци на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Охрид, земени по делимичното санирање на дефектот на главната водоводна цевка во Охрид и анализирани во лабораториите на Центар за јавно здравје Охрид, покажуваат дека сите испитувани параметри се во граници на законски дозволените вредности и водата е здравствено безбедна за пиење. Ви благодариме за довербата,стои во соопштението од ЦЈЗ.

Strugaonline

Facebook Коментари