Минатата година во Струга се затвориле 154 фирми

- Локални, Македонија
1247

Минатата година била лоша за 4.330 фирми во државава, чии сопственици барајќи излез, се определиле за катанец. Од нив во во Струга згаснале 154, а во Охрид 147.

Меѓутоа, во споредба со двете години пред тоа, 2023 и не била до толку критична, секако, доколку се цени според згаснатите фирми. Па, од податоците на БизнисМрежа.мк може да се согледа линијата на пад. Во 2021 биле затворени 6.993, а во 2022 – 6.857 фирми.

Како што најмногу фирми се отвораат во Скопје, така и најмногу од затворените имале адреса во главниот град, покажуваат податоците што ги анализираше порталот „Пари“. Исто така, логично е и тоа што меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.

На топ 5 листата се истите градови кои фигурирале и во 2022, со тоа што на четвртата и петата позиција има промена – лани редоследот бил Гостивар, па Куманово, а преклани обратно. Но, значајно е што бројките се пониски. Битола загубила 263 фирми, додека во Тетово клучот бил решение за 248 фирми. Во Гостивар состојбата е 198 затворени фирми, а на петото место од оваа неславна листа е Куманово со затворени 182 фирми (340 во 2022).

Со повеќе од сто згаснати фирми во текот на минатата година се и Прилеп – 174, Струмица – 133 и Велес – 110.

Целата анализа е достапна на ЛИНКОТ.

извор. Пари.мк

фото: архива

 

Facebook Коментари