Утре започнува чествувањето на јубилејот 80 години Градска библиотека Струга и 65 години Дом на култура

- Локални
327

Првиот од планираните настани за  јубилејната година 80 години градска библиотека во Струга и 65 години Дом на култура-Струга ќе се одржи утре, петок, 22-ри март во Паркот на поезијата.

На овој настан,  во соработка со амбасадата на НР Кина присутните ќе имаат можност да дегустираат кинеска и македонска кујна – традиционална храна од Струга.

-Во петок официјално ќе биде отпочната соработка за размена на книжевни дела од роднокрајни автори од Струга и автори од НР Кина.-информираат организаторите.

На настанот ќе се обратат кинескиот амбасадор и директорката на Центарот за култура.

Почетокот е закажан за 12:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари