Денеска ќе бидат прогласени добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“

- Локални, Македонија
418

По повод Светскиот ден на поезијата, денеска свечено ќе бидат прогласени  добитниците  на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година. Настанот ќе се одржи со почеток во 11ː00  часот во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.

По свеченото прогласување ќе следува традиционалното поетско читање по повод 21 март- Светскиот ден на поезијата на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети, a од името на Македонскиот ПЕН центар ќе биде прочитано поетското послание.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари