Во четврток во Europe House-Струга дискусија на тема-аутизам

- Локални
381
Вo четврток  во Europe House -Струга со почеток во 17:30 часот  ќе се одржи дискусија посветена на лицата со аутизам.
,, Колку е значајна раната стимулација во првите години од развојот на детето?
 Кои се главните предизвици и тешкотии со кои се соочуваат родителите и стручните лица кога станува збор за аутизмот?-Ова се само дел од прашањата на кои ќе одговараат специјалисти од различни области кои теоретски и практично се занимаваат со раниот развој и раната интервенција кај децата со аутизам. “-информираат организаторите.
За рана стимулација на говорот и важноста на мултидисциплинарниот пристап кај лицата со аутизам ќе зборува Ангела Апостолоска – Клинички логопед – специјалист.
Раните знаци на аутизмот  ќе ги објасни Д-р Марина Бојческа – Спец. по спортска медицина, доктор по општа медицина (матичен лекар). За влијанието на технологијата врз раниот раст и развој кај децата ќе зборува Арбреша Корча, клиничен и развоен психолог.
Дијагностика и фармакотерапија кај лица со аутизам – ќе биде тема на Д-р. Ксенија Мајсторовиќ- невролог. За улогата на семејството во раната интервенција – поддршка на родителите ќе зборува Гордана Грческа Балоска – психолог и претставник на здружение за лица со посебни потреби CEDK.
За аутизам во семејството ќе говори  родител на дете со аутизам.
Модератор на дискусијата ќе биде Марија Мечкароска – студент по Специјална едукација и рехабилитација.
Strugaonline

Facebook Коментари