Република Македонија избира претседател

- Македонија
320

Граѓаните на Република Македонија денеска ќе го дадат својот глас за новиот шеф на државата кој ќе ја води во текот на следните пет години.

Во изборната трка има седум кандидати, а за победа во првиот круг е потребно кандидатот да освои гласови на повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи. Ако тоа не се случи, ќе има втор круг, на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

На гласачките места кои се отворија утрово во 07:00 часот, граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за еден од седумтемина кандидати за Претседател на државата, што е најголем број на кандидати во историјата на претседателските избори.

Во трка за прв човек на Република Македонија се седум кандидати, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Стевчо Јакимовска – ГРОМ, Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски – Движење ЗНАМ.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во дипломатско-конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи

Facebook Коментари