Времето денес променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
5 Лазарополе, 6 Берово, Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Претор, 10 Охрид, Крушево, Битола, Крива Паланка, 12 Виница, Тетово, Струмица, Демир Капија, Кавадарци, 13 Скопје-Петровец, Прилеп, Куманово, Штип, 14 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува слаб ветер претежно од јужен правец. Утринава е умерено до значително облачно, а помалку облачност има на југоистокот од земјата.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

