Во Струга одбележан меѓународниот ден на џез музиката

- Забава, Локални
449

30-ти април е познат како Меѓународен ден на џезот, кој се слави со цел да се подигне свеста за вредностите на џезот како едукативна алатка и сила за мир, единство, дијалог и засилена соработка меѓу луѓето.

За да се одбележи овој датум, во многу земји се одржуваат разни организации кои го промовираат овој музички правец, кој е доста популарен ширум светот.

Денес на Светскиот ден на џезот учениците и наставниците од Музичкото училиште во 13 часот свиреа џез на неколку локации во Струга. Од Кингстон, новото шеталиште, од сите страни на градов се слушаат звуците на џезот.

УНЕСКО за овој ден го одреди 30-ти април, со резолуцијата одобрена од Генералната конференција на оваа организација во ноември 2011 година.

Џезот е музика која побудува посебни чувства и емоции со мелодијата, ритамот и хармонијата која ја прават посебна и уникатна уметност. Се појавил на почетокот на 20 век во афро-американските заедници во јужниот дел на САД, како мешавина на африкански и европски музички традиции.

StrugaOnline

Facebook Коментари