Лев банер Десен банер

Во Струга одбележан Денот на победата на фашизмот

Во организација на општинската организација на Сојузот на борци од Струга, делегација предводена од претседтелот Ајредин Мемеди, потпретседателот Ванѓел Наумоски и секретарот Никола Попоски, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на градот.

Во делегацијата имаше и претставници од Општина Струга, претставници на опоштинските партиски организации и почитувачи на делото на Тито, делегација на ЗП Струга предводена од претседателот Милорад Трпоски и голем број граѓани на Струга и струшко, кои положија свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата.

Свеченото одбележување кое беше по повод 79 годишнината од Денот на победата на фашизмот 9 мај, како и Денот на Европа и во Струга се одбележа, со полагање цвеќе и читање на реферат пред споменикот на револуцијата во Струга, од страна на претседателот на Боречката организација Ајредин Мемеди.

9 Мај е светски празник и неговото одбележување со другите земји од антифашистичката коалиција претставува голема свеченост. И Република Македонија и Струга како дел од таа антифашистичка коалиција даде свој влог во победата над фашисзмот, затоа граѓаните на Струга и Струшко имаат голема заслуга за светскиот мир и треба да го празнува овој ден, историското значење на антифашистичката војна и 9 Мај –Денот на победата и Денот на Европа.

Во тешко извојуваната слобода на македонскиот народ, животите ги загубиле повеќе од 24 000 борци, од кои 163-ца биле стружани.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

error: