Изложба насловена „Низ фотографскиот објектив на Македонида, уметноста на средновековните цркви во Охрид и охридско“ и промоција на веб-страната „Регистар на средновековни цркви во Охрид и охридско“ ќе се одржи денеска во 19:30 часот во Музејот на град Скопје.
Како што посочуваат од Здружението „Македонида“ станува збор за истражувачки проект кој теренски се работел во 2021 година од тимот д-р Панче Велков и м-р Владимир Таневски, а подржан од грант на фондацијата Richard H. Driehousе од Чикаго.
Самиот проект започна да се осмислува и работи во 2020 година. Теренските активности за овој проект се совпаднаа со изработката на книгата „Seven Churches in Ohrid” во која свои текстови напишаа проф. д-р Елизабета Димитрова, Гордана Велков и м-р Ивона Панџак Пинева, додека фотографиите ги изработи д-р Мишко Тутковски. Така што со оваа изложба на фотографии на фрески за кои сметаме дека се меѓу најубавите уметнички дела од средновековното византиско сликарство правиме едно заокружување на презентацијата на охридското културно и религиозно наследство, информираат од Здружението.
Facebook Коментари