Серија концерти на учениците од ООМУ- Струга, програма за сечиј музички вкус

- Локални
418

Основното музичко училиште-Струга од претходната седмица започна со реализација на ревијални концерти на кои настапуваат  учениците од сите класи во училиштето.

Вечерва ќе се одржи концертот на учениците од класите на проф. Мухамет Реџепоски ( кларинет, оркестар), проф. Марјан Перески (ударни инструменти) и прoф.Зоран Павлески ( саксофон). Уметнички соработник на концертот е Еранда Исмаили.

Утревечер следува концертот на учениците од класите на проф. Томислав Несторовски (хармоника),проф.Стефан Нестороски (хармоника), проф.Андреј Нически (гитара) и проф.м-р Светлана Богданоска Ристоски (флејта). Уметнички соработник и на овој концерт е Еранда Исмаили .

Во петок, 31-ви мај, ќе се одржи концертот на учениците од класа Виолина на -проф.Тони Арслан. Уметнички соработник на овој концерт е Емилија Маринова .

Ревијалните настани ќе завршат на 3-ти јуни со концерт на учениците од класите по пијано кај проф.Блеранд Лена, проф.Реџеп Орани и проф.Арди Лена.

Сите концерти почнуваат во 19:00  часот во Центарот за Култура ,, Браќа Миладиновци “. Влезот е слободен.

,,Струшката публика ќе може да проследи соло, камерни и оркестарски настапи на вокални, инструментални и вокално-инструментални дела од Моцарт, Бах, Бетовен и други“-информираат од училиштето.

Досега се одржаа концерти на учениците од класа пијано ( проф.Кирил Митрески),  класа виолина проф. Ендрит Ахмети,  и класа пијано проф. Еранда Исмаили .

Strugaonline

Facebook Коментари