Нов мурал ,,Симбиози“ од уметниците Горан Ристовски и Енкел Дика осамна во Струга

- Локални
443
По повод Светскиот ден на биолошката разновидност, уметниците Горан Ристовски и Енкел Дика го создадоа муралот ,,Симбиози.“
Иницијаторите на создавањето на ова уметничко дело што осамна на струшкиот музеј, Europe House Струга, информираат дека целта е да се подигне свеста за фактот дека секој жив организам е важен за да опстане нашата планета.
-Особено на нашето поднебје има ретки и ендемични видови на организми кои се неопходни за одржување на Охридското Езеро. Треба да го зачуваме она што како регион не’ прави посебни. Ретките и ендемичните видови се неопходни за одржувањето биолошката разновидност. Доволно е, пред сè, секој да биде свесен дека биодиверзитетот е загрозен.-велат од Europe House Струга.
Додаваат дека секој поединец треба да размисли за  пормените што би  можел да ги направи на микро ниво, а ќе бидат исклучително значајни за нашата планета.
Strugaonline

Facebook Коментари