Калиопи го издаде новиот ,,Албум“, 10 песни на македонски и српски јазик

- Музика
360

Maкедонската поп-дива Калиопи го промовираше новиот материјал, на српски и македонски јазик, насловен како „Албум“.

На албумот се наоѓаат 10 песни, од кои две и се веќе познати на публиката. Минатата година албумот го најавија дуетската песна „Знам“ (со Жељко Самарџиќ) и песната „Кад осване“, кои во меѓувреме ги освоија срцата на публиката.

Поттикнати од нивниот јубилеј, 40 години од нивната соработка, Калиопи и Ромео одлучија да и’ подарат на публиката уште 8 нови песни, креирајќи го комплетно албумот насловен како „Албум“.

Публиката за прв пат ќе има двојазичен албум, како симбол на сите овие години креирање музика дома и во регионот.

На „Албум“ се поместени пет песни на македонски јазик: „Ела“, „Парампарче“, „Во земјата на чудата“; „Дај, дај ми дај“ и „Казна“, заедно со Слаткаристика.

Facebook Коментари