Лев банер Десен банер

Стружанецот Методија Столески со ,,Земи се“ настапи на Фолк фест ,,Валандово 2024“

Младиот фолк пејач Методија Столески од Струга настапи на 37-то издание на Фолк фест ,,Валандово“.

Пред публиката тој се претстави со нумереата  ,,Земи се” за која  музиката и аранжманот се авторско дело на Александар Јовевски, а текстот е на Борче Нечовски.

На фестивалот годинава настапија 20 изведувачи. Победничка е 19 годишната Ангела Валентинова, второто место го освоија Софија Пуровска и Никола Зацевски, а третопласирана беше Габриела Новевска.

Strugaonline

error: