Лев банер Десен банер

После подолга пауза, летово ќе се одржи турнирот во мал фудбал ,,Вевчани 2024“

После пауза од неколку години, повторно ќе се одржи турнирот во мал фудбал ,,Вевчани 2024“.

Предвидено е турнирот да започне на 3.-ти август, а да заврши на 19-ти август по повод празникот ,,Преображение“.
-Пријавувањето на екипите е до 30.07.2024, а извлекувањето ќе се одржи на 31.07.2024 во центарот на Вевчани(игралиште). Турнирот ќе се игра 5+1, а секоја екипа може да содржи до 10 играчи. Учеството чини 4000 денари“-информираат организаторите.
За повеќе информации и пријавување, сите заинтересирани можат да се обратат на телефонските броеви  078 599 203 и 072 617 677.
Strugaonline

error: