Изложба и музичко дружење по повод ,,Вечер на непокорот“ во Вевчани

- Локални
440

Со ,,Вечер на непокорот“  вечерва во Вевчани ќе биде одбележана годишнина од Вевчанскиот случај.

Во Мултикултурниот центар со почеток во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата „Вевчанските уметници од Вевчани за Вевчани“ со дела на Никола Угриноски, Перо Шутиноски, Симун Коруноски, Коста Костоски, Симун Лепоски, Боро Даскал, Кристо Чочороски, Гордана Алулоска, Гаврило Парталоски, Ана Чоловиќ Лешоска и Јана Парталоска.

Предвидено е и музичко дружење со „Коста Костоски & Драма“

Покровител на настанот е општина Вевчани.

Strugaonline

Facebook Коментари