Со претставата „Аналфабет“ Охридскиот народен театар ќе го прослави шестиот роденден

- Локални
1020

Оваа сабота (3 -ти јуни) Охридскиот народен театар ќе го прослави својот шести роденден, а по тој повод ќе биде одиграна театарската претстава „Аналфабет“, која предизвикува многу позитивни реакции кај публиката. Претставата „Аналфабет“ е работена според текстот на Бранислав Нушиќ, под режисерската палка на Ѓорѓи Ризески. Актерската екипа ја сочинуваат:Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.

Билети ќе се продаваат со специјален роденденски попуст по цена од 100 денари.
Со оглед на тоа што во претставата се користат пиротехнички средства, таа не е дозволена за деца под 14 години.

Инаку, со претставата “Аналфабет”, Народниот театар Охрид ќе гостува на претстојното, 52-ро издание на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински”, кое од 9 до 16 јуни ќе се одржи во Прилеп.

Извор: ОхридПреc\Strugaonline

Facebook Коментари