Билтен на СВР Охрид за 22.08.2024

- Локални, Хроника
544

На 22.08.2024 во 12.05 часот во Полициската станица Струга, Н.Б.(50) од Струга пријавила дека на 19.08.2024 околу 23.30 часот, две лица фрлале тврди предмети кон незјиниот стан на ул. „ЈНА“ во Струга, при што бил погоден нејзиниот малолетен син, кој се здобил со повреда.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 22.08.2024 во 13.40 часот на ул.„Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје Струга го привеле Е.В.(20) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Извор: СВР Охрид, фото архива

StrugaOnline

Facebook Коментари