
Ваквата одлука е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоците за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4%, од кои најголемо зголемување има кај овошјето од 10,9%, кај млекото, сирењето и јајцата од 6,6%, кај зеленчукот од 3,9%, кај месото од 3,6%, и кај лебот и жита од 2%.
За истиот период, трошоците за безалкохолни пијалоци се зголемени за 9,4%, од кои кај минералната вода, безалкохолните пијалоци, соковите од овошје и зеленчук зголемувањето е од 11,1%, додека кај кафе, чај и какао зголемувањето е од 7,7%.
Согласно податоците, во консултација со работната група која беше формирана од претставници од Министерството за економија и труд, Министерството за финансии и Министерството за земјоделство, сметаат дека ваквото зголемување на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци е прекумерно и несразмерно во однос на растот на трошоците за набавка и оперативните трошоци кои трговците ги имаат.
Нивните проценки се дека со стапување на сила на оваа одлука трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за околу 10%, со што ќе се намалат и трошоците за живот во потрошувачката кошница за групата храна и пијалоци.
Трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд.
Исто така, трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска за да ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70% од прибавените количини во месец август 2024 година од овие производи на листата.
Оваа одлука влегува во сила од денес, а ќе се применува до 31 октомври 2024 година.
Во листата на производи спаѓаат брашно, леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестенини, масло за јадење и дел од конзервираните производи.
Целосната листа на производи ќе ви ја достават веднаш по завршување на прес-конференцијата и ќе биде објавена од Министерството за економија и труд”.
-ориз бел во пакување од 900г до 1кг;
-брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг;
-бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
-печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
-бисквити, “Petit Beure” и бисквити обични од 300гр до 500 гр;
-тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица без и со јајца од 500 гр (без додатоци).;
-масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 литар;
-месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;
-месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;
-пиле (свежо и замрзнато) цело;
-пилешки стек (свеж и замрзнат);
-салама, шункова во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);
-чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
-чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
-пилешка посебна салама во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);
-паштета од џигер или пилешка (кокошја), (без додатоци) во пакување од 95гр и 100 гр.;
-замрзната риба ослиќ;
-трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост 2,8%, 3,2% и 3,5% во пакување од 1 литар;
-јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2% во пакување од 1 литар;
-кисело кравјо млеко (обично без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 % во пакување од 400гр до 500 гр;
-павлака од кравјо млеко, кисела со масленост од 12% до 20% во пакување од 180гр до 400 гр;
-урда;
-традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
-традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
-традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
-традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
-свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;
-масло ,(путер), индустриски произведен (пакување од 250 гр.);
-маргарин, (обичен), пакуван од 250 гр;
-јаболка;
-праски;
-грозје трпезно;
-лимони;
-портокали;
-банани;
-исчистени ореви;
-грав;
-кромид;
-компир;
-морков;
-спанаќ;
-зелка;
-краставици;
-корнишони;
-лук;
-тиквици;
-боранија;
-домат;
-пиперки;
-карфиол;
-тиква;
-модар патлиџан;
-леќа;
-магдонос;
-брокула;
-праз;
-зеленчук замрзнат (мешавина) во фолија од 450 гр;
-зеленчук замрзнат од пченка, во фолија од 450 гр;
-зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450 гр;
-боранија замрзната, во фолија од 450 гр;
-маслинки, црни;
-грашок конзервиран во пакување од 400гр;
-ајвар од печени пиперки, тегла до 660 гр;
-краставички, конзервирани, тегла до 720 гр;
-печурки маринирани (сецкани), тегла до 720 гр;
-шеќер кристал бел;
-џем и мармалад;
-чоколадо млечно обично, во пакување од 100 гр;
-кечап;
-мајонез во тегла од 660 гр;
-зачин (вегета, зачинал и слично);
-кафе пржено мелено пакувано од 200гр;
-сок кашест (матен) овошен од разно овошје во тетрапак од 1 литар.
Facebook Коментари