Учество на Струга и Поградец на Меѓународниот саем за туризам во Париз како дел од проектот „Cooltur“
Претставници од Општина Струга и Поградец, кои се дел од тимот на проектот „Cooltur“, финансиран од INTERREG-IPA II Програма за прекугранична соработка 2018-2020, ја претставија Општина Струга на саемот за туризам во градот Париз, IFTM Top Resa Porte de Versailles, кој се одржа од 17.09.2024 до 19.09.2024.

Учеството на саемот беше една од активностите на проектот Cooltur, финансиран од INTERREG-IPA II Програма за прекугранична соработка 2018-2020, со што Струга заедно со Поградец беа рамо до рамо со најелитните светски дестинации, достоинствено претставувајќи ги капацитетите и убавините на граничниот регион, како и туристичките капацитети на двата града, и на Струга и на Поградец.

Проектот беше почестен со присуството на в.д. Амбасадорот на Северна Македонија во Франција www.paris.mfa.gov.mk/mk г-дин. Рaфет Хајдари, заедно со првиот советник на амбасадорот, г-дин. Африм Јашари.
За време на саемот беа одржани и средби со многу странски туроператори, кои изразија желба и подготвеност за соработка во областа на туризмот.
StrugaOnline

