Изработуваме иновативни и високо квалитетни производи наменети исклучиво за автомобилската индустрија за најпознатите произведувачи преку автоматизиран процес на леење под висок притисок, машинска обработка и конструкција на алати.
Поради зголемување на потребите на производството имаме потреба од следниве работни места:
ВОЗАЧ НА ВИЉУШКАР
Потребни услови:
- Основно/средно образование 3 години
- Просторна ориентација, трпеливост и самоконрола, како и самоиницијативност
- Одлично ги познава правилата за безбедност и заштита при работа
- Возачка дозвола Б категорија
- Искуство со работа со виљушкар (предност)
Одговорности:
- внатрешен транспорт
- магацинско средување
- правилен утовар и растовар на производите во согласност со прописите
- работа на висина
- контролирање на состојбата на вилушкарите и уредите на нив
- грижа за редот на секое складиште посебно и грижа за работното место
- почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
- извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот
Напомена:
- фирмата обезбедува стручна обука за управување во виљушкарот, безбедноста при управувањето и начинот на работа.
Нудиме:
Ве очекува стабилна работа во успешна меѓународна компанија од автомобилската индустрија каде заедно со нас ќе ја креирате иднината на глобалната (авто)мобилност.
– компетитивни месечни примања согласно искуството од областа, едукација и напредување
– покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
– исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
– бонуси за работна успешност
– исплата на новогодишен надоместок
– доброволно приватно здравствено осигурување
Сите заинтересирани апликациите можат да ги испратат до 30/09/2024 година на [email protected] , а во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ве очекуваме!
*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување
Facebook Коментари