Кривична за стружанка за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи

- Локални, Хроника
729

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.Д.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа куршуми кои нелегално ги поседувала.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари