Голем успех за теквондо клубот „Сонкал“ од Мислешево на турнирот „Србија опен“ во Нови Сад
Голем успех за теквондо клубот „Сонкал“ од Мислешево на турнирот „Србија опен“ во Нови Сад.

Теодор Ѓорески се истакна со златен медал во борби и сребро во форми, следејќи ги стапките на своите тренери.

Освојувачи на медали:
Теодор Ѓорески: 1 злато, 1 сребро и пехар за најдобар поединец до 10 години,
Кристијан Гагалески: 2 бронзени,
Дамјан Анелкоски: 1 бронзен,
Давид Крстески: 1 златен, 1 бронзен,
Тренер Марио Крстески: 1 златен.

Kлубот „Сонкал“ постои од 2022 година, моментално има десетина членови, тренери се европскиот вицешампион Давид Крстески и неговиот брат Марио Крстески кој е повеќекратен освојувач на медали во земјава и странство.
StrugaOnline

