Овој месец италијанистите од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга ја обележаа XXIV Недела на италијанскиот јазик во светот- “XXIV Settimana della Lingua Italiana nel Mondo”на тема: “Италијанскиот јазик и книгата, светот меѓу редови”, со низа активности предводени од наставничките по италијански јазик Викторија Бебекоска и Ѓурѓица Кутаноска.

Помеѓу бројните тематски изработки (постери, гатанки, поговорки, бележници за книги итн.) највпечатлива е Промоцијата на Италијанското катче (во склоп на Училишната библиотека) коешто содржи книги, списанија, учебници кои ќе бидат на располагање за сите љубители на италијанскиот јазик. Книгите се донација од наставничките Викторија и Ѓурѓица. Одлична иницијатива, да се множат читатели.

Во истиот контекст, на државно ниво, се изведе и квиз на знаење на Kahoot, на тема Италијански поговорки, на кој учествуваа ученици од 9то одделение и постигнаа исклучително добри резултати.

Активностите беа прикажани пред Здружението на професори по италијански јазик и претставници од Италијанската амбасада.
StrugaOnline
Facebook Коментари