Актуелниот селектор на Аргентина, Ѓиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски клуб Вардар, и најмалку до крајот на сезоната ќе ги предводи „црвено-црните“. Постигнат е договор за соработка до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен. На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар.
„Огромна чест е да добиеш повик од еден од најпрестижните тимови во Европа, и ја имав привилегијата да го следам клубот долги години во нивните настапи во Лигата на шампионите. Од Македонија ја покорија Европа со својот нескршлив карактер и борбеност инспирирајќи ги ракометните фанови насекаде. Како што го носам моето 20-годишно искуство со аргентинските репрезентации, исто така се обврзувам да и пристапам на оваа улога препознавајќи го наследството на големите тренери кои беа пред мене. Целосно сум посветен да дадам се за Вардар, да оставам се на теренот и да придонесам за континуиран успех на тимот. Возбуден сум што ќе бидам дел од ова ново поглавје во мојата кариера и ќе помогнам да се напише следното поглавје во историјата на Вардар, изјави Милано.
StrugaOnline
Facebook Коментари