Времето денес сончево со мала локална облачност

- Локални, Македонија
144

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-2 Попова Шапка, -1 Лазарополе, 2 Битола, 3 Маврови Анови, Крива Паланка, Берово, Охрид, 4 Крушево, Скопје-Петровец, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Претор, 6 Прилеп, Виница, 7 Велес, 8 Кавадарци, 9 Демир Капија, 10 Струмица, 12 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Ниска облачност до изутрина остана во југозападниот дел, во Пелагонија и Охридско и Преспанско, но и на југоисток во регионот на Струмица. Во останатите делови утринава е сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Наутро постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 14 до 21 степен.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари