Томовски: Сите службени возила ќе добијат обележани таблици, ќе воведеме и телефонски линии каде граѓаните ќе ја пријавуваат нивната злоупотреба
Покрај ова, директорот на СОЗР, Ивица Томовски, најави дека ќе се воведат и телефонски линии на кои граѓаните ќе може да пријават злоупотреба, по кои потоа ќе се постапува
Сите службени возила ќе бидат обележани со специјални регистарски таблички во боја за да се избегне нивната злоупотреба, најави директорт на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

Томовски укажа дека сите службени возила ќе добијат таблици и тогаш нема да има злоупотреба на службените возила. Заради таа намена ќе воведеме и телефонски линии каде ќе може да се пријавува злоупотреба, а ние соодветно да постапуваме после пријавите.
„Ние одлучивме да воведеме специјални таблици во боја, а регистарот паралелно да го работиме во текот на годината. Правилникот го имаме донесено и сега се чека на потпис на министерот за внатрешни работи. Тие специјални таблици бројат околу 6,500 за сите возила на територија на цела Македонија“, вели Томовски.
StrugaOnline

