Денеска во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца се одржа предновогодишен интерактивен квиз за крај од првото училишно полугодие

- Локални
381
На самиот крај од првото училишно полугодие, наставниците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца имаа желба дополнително да ги стимулираат, мотивираат и поддржат учениците во процесот на едукација.
Денес се одржа предновогодишен интерактивен квиз и учениците добија одлична прилика да го покажат своето знаење од различни области, но и да стекнат нови знаења. На квизот учествуваа учениците од осмо и деветто одделение, а беше реализиран преку интернет апликацијата Kahoot. Квизот се состоеше од прашања и можност за одговарање преку мобилен телефон, па од учениците се бараше знаење, фокус и брзина. Најдобри резултати покажаа учениците Теодора Ѓоќеска – прво место, Јана Петреска – второ место и Филип Спасески – трето место. Тројцата најдобри си добија симболични подароци.
Оваа забавна и едукативна програма беше организирана од страна на наставникот по историја, Мирче Лазороски, а секако, беше потпомогната и поддржана од целиот колектив при централното училиште „Св. Климент Охридски“ – с. Драслајца.
StrugaOnline

Facebook Коментари