82 години од првата изведба на песната „Денес над Македонија се раѓа“

- Локални
220

Свечената песна Денес над Македонија се раѓа е официјалната химна на самостојна и независна Република Македонија, прогласена со указ на Собранието на Република Македонија, а решението е потпишано од претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров, на 11 август 1992 година, бр.08-3278/1.

Писателот Владо Малески е автор на текстот на химната Денес над Македонија се раѓа. Нејзината прва изведба се случува на дочекот на новата 1942 година во Струга, во куќата на Сотир Шута.

Куќата на Сотир Шута, била во центарот на Струга, каде што се роди химната на Македонија. Присутни на настанот биле: Владо Малески, Васил Калајџиески со женаму Венера, Нико нестор со женаму Верка, Милан Цоба, Стево Балтоски, Боре Жупаноски, Сотир Попоски, Стево Нестор, Стефан Опетчески ( кој свирел на хармоника ), Венера Матоска, Боро Хаџиески – Путе, Димче Кошаркоски, Боже Малески, Климе Боре Хаџиески, Петре Џигероски, Јосип Миса, Стефан Трајко, Ристо Калајџиски, Никола Кочоски, Ѓоре Асаноски, Васил Кавај и Димитри Милаладиноски.

Така се роди, така остана песната. Како што се роди и остана Константиновата Т’ га за југ. Како што се роди крај ова крајезерие и македонската преродба. Остана да сведочи дека овде, на брегот на Црн Дрим, слободарскиот дух бил останал до вечно. Остана оваа песна да тече како што течеше револуцијата. Како споменик остана Владо Малески. Автор на текстот на песната „Денес над Македонија се раѓа “– велеше и запиша на Споменикот на НОБ во Струга.

-Револуцијата е како рекана. Тече без прекин од врутоците на минатото до утоката на безгрижната иднина и течејќи го напојува животот со живот. Слава и чест на воините на нашата револуција низ поколенија до вечнина! -Владо Малески на споменикот на револуцијата во Струга.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Facebook Коментари