Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно со сончеви периоди

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-7 Берово, -6 Скопје Петровец, -5 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, -4  Битола, Велес, Куманово, Попова Шапка, -3 Тетово, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, -2 Лазарополе, -1 Гевгелија, Прилеп, 0 Охрид, Претор, 1 Виница, Дебар, Маврови Анови, 2 Крушево.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)

45 Маврови Анови, 44 Попова Шапка, 15 Крушево, 5 Лазарополе.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Ведро и студено со слаб до умерен ветер претежно од јужен и југозападен правец. Утрово е малку до умерено облачно со појава на магла во одделни котлини (Скопската и Струмичката котлина).

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне во западните делови врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м2). Со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. Максималната температура ќе достигне од 7 до 13 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: