XIII Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025“

- Локални
263

Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, Институтот за напредни студии од Косзег, Унгарија, од денеска 17-ти до 19-ти јануари 2025 година, ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2025“.

Oваа година конференцијата, ќе се одржува во два града- Битола и Охрид, а тематски е фокусирана на „Колективната меморија, политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи“.

На конференцијата ќе бидат презентирани 54 трудови од 68 учесници кои доаѓаат од 14 држави.

Отворањето на конференцијата е закажано за денеска, со почеток во 11.00 часот, во Охрид во просториите на Македонската академија на науките и уметностите, во „Куќата на Уранија“.

StrugaOnline

Facebook Коментари