Билтен за Охрид: Тепачка на плажа, опожарени возила,…

- Локални, Хроника
49

На 13.08.2025 во 18:39 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на плажа на брегот на Охридското езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Ф.Б.(36), Л.Б.(37), од Охрид, Н.Љ.(37) од Гостивар од една и Д.С.(66) и Џ.С.(44), од Охрид, од друга страна. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 12.08.2025 во 20:59 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во патнички автомобил „мерцедес” со германски национални ознаки, сопственост на С.С.(80) од дебарското село Отишани, паркиран во близина на селото Арбиново, општина Дебрца, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 12.08.2025 околу 23 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во патнички автомобил „застава 101″ со охридски регистарски ознаки, кој, сопственикот П.Ч.(56) од охридското село Горно Коњско, го управувал на локален пат во селото, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари