Времето денес променливо облачно со сончеви периоди

- Македонија
14

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

14 Попова Шапка, 9 Прилеп, 8 Скопје-Петровец, 4 Тетово, Маврови Анови, Пожаране, 2 Крива Паланка, Охрид, 1 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Берово.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари