Роберт Милески се кандидираше за градоначалник на Струга

- Локални
1046

Со голема чест и чувство на одговорност денеска ја поднесов мојата официјална кандидатура за градоначалник на општина Струга, објави на социјалните мрежи Роберт Милески од Струга.

– Ова не е само моја лична одлука, ова е заеднички пат кој ќе го изодиме заедно. Верувам во новата визија за Струга, во град со повеќе ред, развој, чиста околина и достоинствен живот за секој човек. Нека биде за убаво, и нека Бог нè води сите на овој пат, порача Милески.

Периодов тој изнесе бројни предлози за подобрување на животот во Струга и најавува дека има нова визија за Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари