„Биби и Боби во светот на бајките“ – магична детска претстава на 14 февруари во Охрид
Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид во сабота, 14 февруари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, ќе биде домаќин на детската претстава „Биби и Боби во светот на бајките“, наменета за најмладата публика и нивните семејства.
Претставата е внимателно осмислена компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица“, „Биби и вретеното“, „Биби и зрното грашок“ и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)”. Преку овие приказни, децата ќе бидат однесени во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, многу хумор и важни поуки за пријателството, добрината и храброста.
„Биби и Боби во светот на бајките“ нуди интерактивно и едукативно доживување, кое на забавен начин ги поттикнува фантазијата и позитивните вредности кај најмладите.
Цената на билетот изнесува 100 денари, а билетите се во продажба на билетарата на Центарот за култура. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот, како и од 10:00 до 12:00 часот на денот на проекцијата.
Оваа претстава е одлична можност за квалитетно семејно дружење и незаборавно културно доживување за децата во Охрид.
StrugaOnline

